Македонија
4. July 2024 - 16:48

Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта

Вчера во 15:22 часот во СВР Тетово од Ургентно одделение при Медицински центар во Гостивар било пријавено дека кај нив биле донесени М.Ш.(28) и нејзината малолетна ќерка од гостиварски Градец, кои се здобиле со тешки телесни повреди, откако на нив паднала порта од куќа, сопственост на Р.Ш..

Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.