Ќе се намалуваат царинските стапки за компоненти потребни за производство на технолошко напредни производи
Владата денеска усвои Одлука за намалување на царински стапки за одделни одделни производи (компоненти) потребни за производство на технолошко напредни производи.
-По обемни претходни консултации со Советот на странските инвеститори во нашата земја, владата усвои одлука увозните давачки – царинските стапки за одделни производи (компоненти) потребни за производство на технолошко напредни производи во 2020 година, да се намалат за 50% со цел да се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија која произведува технолошки напредни производи, се вели во соопштението од владината прес-служба.
Со оваа одлука висината на овие царински давачки ќе се приближи кон царинските стапки што се применуваат во Европската унија, посочуваат од Владата и додаваат дека со тоа че се овозможи подобрување на конкурентноста на домашните компании и поголема атрактивност на земјата кон привлекувањето на нови компании со странски капитал од различни стопански сектори.
Ново на Сител
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи