Ким: Оружјето без идеологија е само „железен алат“
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека земјата напредувала на долгиот пат кон изградбата на моќна армија, но дека оружјето без идеологија е само „железен алат“ и ја истакна лојалноста на некои од неговите најелитни воени групи, објавија денеска државните медиуми.
Забелешките на Ким на Политичкиот универзитет „Ким Ил Сунг“ доаѓаат во време на домашна политичка неизвесност бидејќи над 10.000 војници, кои се борат за Русија против Украина, наводно, имаат големи загуби.
- Бидејќи Корејската народна армија (КПА) има за цел да стане најсилната армија во светот, фокусот на мисијата не треба да биде ништо друго освен политичките, идеолошките, духовните и моралните предности на армијата на партијата и народот, рече Ким.
Тој истакна „дека изградбата на КПА секогаш и темелно треба да се фокусира на давање приоритет на политички, идеолошки и морално силна армија“, јави агенцијата КЦНА.
Ким додаде дека партијата високо ја цени „неспоредливата лојалност и херојство во надминувањето на тешкотиите и радосната жртва доколку земјата повика“.
Северна Кореја официјално не призна дека дава воена поддршка на Русија во украинската војна.
Ново на Сител
-
СДСМ и ДУИ обвинуваат дека Меџити го злоупотребил законот, Мицкоски им врати – доставете докази
-
Реконструкции во здравствениот сектор – нов лик на ГОБ ,,8-ми Септември" и карил
-
МОН прави чистка во научно образовните установи – затворен уште еден институт од Скопје
-
Перински во Чаир: Владата стои зад општините
-
УГД ќе гради нова зграда за факултетот по медицински науки
-
Обучени волонтери ќе се вклучуваат во гаснење пожари
-
Карневалски подготовки во Струмица
-
Реконструкција на Охридскиот аеродром и Скопската болница