Карпош ги награди најталентираните ученици
Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска во својот кабинет ги прими најдобрите десет полуматуранти - првенци на училишната генерацијата 2016/2017.
Во оваа пригода, лично им ги врачи еднократните парични награди од 10.000 денари, што за нив, традиционално ги обезбеди локалната самоуправа.
Како што соопшти Општината, посебна комисија направи селекција и од сите десет основни училишта во Карпош и избра по еден најталентиран ученик кој во текот на 2016/2017 постигнал најдобар успех, освоил престижни награди и стекнал дипломи на локално или државно ниво.
Освен паричните награди, Општина Карпош минатата недела ги одведе најталентираните ученици, заедно со останатите 70 најуспешни основци-спортисти, на шестдневно наградно патување во кампот „Скураз“ на полуостровот Халикидики, Грција.
На денешната средба, „првенците“ разговараа со Јакимовски за постигнатите резултати и за функционалноста на образовниот процес.
Ново на Сител
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила