Кампања „Напред розово“ за поддршка на болните од рак на дојка
Со симболична прошетка и хуманитарна трка (во должина од еден километар) во рамки на манифестацијата „Напред розово“ во организација на Здружението „Борка“ - За секој нов ден, повеќе од 1.000 граѓани ќе им дадат поддршка на болните од рак на дојка и на нивните семејства. Настанот ќе се одржи денеска во Градскиот парк во Скопје кај Школка.
Котизацијата за учество на прошетката и хуманитарната трка изнесува 350 денари со вклучена маичка со логото на манифестацијата, а сите собрани средства ќе бидат наменети за реализација на планираните активности на Здружението „Борка“ во делот на психосоцијална помош и поддршка на заболените од рак на дојка, oбезбедување перики за жените кои не можат да си дозволат да ги купат, посета на болните на Клиниката за онкологија, обезбедување секојдневна комуникација со психолог и едукација на населението.
Манифестацијата „Напред розово 2016“ ќе се одржи по осми пат со поддршка на Американската амбасада и компанијата Пелистерка.
Ново на Сител
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат
-
Преглед на вестите од светот