Македонија
7. December 2017 - 13:08

Камионџија онесвестен и ограбен во сервис на „Илинденска“

Вчера околу 23.55 часот во кругот на сервис на ул. „Илинденска“ во Скопје непознат сторител извршил разбојништво над Д.А. (33) од Скопје. Откако Д.А. го паркирал товарното моторно возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, сторителот го удрил со тврд предмет по главата.

Оштетениот се онесвестил и паднал на земја, а кога се освестил забележал дека му биле одземени 7.000 денари и мобилен телефон. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.