Кај скопјанец откриен цел арсенал оружје и муниција
Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија, до скопското Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против З.Г. (57) од Скопје поради основано сомнение дека сторил две кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“, предвидени и казниви по член 396 и член 278-б од Кривичниот Законик на Република Македонија.
Како што соопшти МВР, по преземени оперативно-тактички мерки, Единицата за недозволена трговија дошла до сознание дека З.Г. набавил поголема количина оружје и муниција. Дел од неа носел во мотоциклот кој го управува, а дел се наоѓала во неговиот дом.
- На 19.10.2017 година околу 18.40 часот, полициски службеници го забележале З.Г. со мотоцикл „Априлија“ во близина на пазарот на ул. „Маџари“. Притоа, бил извршен преглед на З.Г. и претрес на мотоциклот и под седиштето биле пронајдени и одземени два сигнални револвера, еден сигнален пиштол и 150 куршуми. З.Г. бил приведен, а по извршените консултации и добиена усна наредба од Јавен обвинител, бил извршен претрес во домот и другите простории на З.Г. на ул. „Маџари“. При претресот биле пронајдени и одземени 54 сигнални пиштоли, два сигнални револвери, осум пневматски пушки, 48 додатоци за цевки за пиштоли, осум спрејови за самозаштита, поголема количина дијаболи, 5850 куршуми калибар 9 мм за сигнален пиштол, две комбинирани батериски ламби со електричен парализатор, еден дел од пиштол - навлака и две празни пластични кутии за пиштол, наведуваат од МВР.
Одземеното оружје било доставено во Министерството за внатрешни работи на вештачење.
Ново на Сител
-
Јаневска: Можно е враќање на старата концепција за основно образование
-
Приватните превозници ќе ги паркираат автобусите
-
Судскиот совет смета дека распуштањето не е добар чекор
-
Мизрахи: Укинувањето на економските директори го укина дуализмот во здравството
-
Чибишев: 18 луѓе незаконски работеле работеле на Токсикологија
-
Повторно отворена подрачната канцеларија на МЗШВ во струмичко
-
Пациентите со механичка поддршка на срцето бараат поголем ангажман од државата
-
Преглед на вести од светот