ЈСП од јануари ќе го врати билетот за едно возење
-Овие билети ќе бидат олеснување за луѓето кои ретко го користат јавниот превоз или по потреба доаѓаат во Скопје од други градови, како и за туристите, вели градоначалникот Шилегов.
Досега оние што немаа неперсонализирана картичка, а ретко се возат во автобус плаќаа со телефон.
-Мислам дека од први јануари веќе ќе можат да ја купуваат картата внатре во самите автобуси. Таа е наменета, пред се, на луѓе кои доаѓаат во нашиот град кои што сакаат да го употребуваат јавниот превоз или на луѓе на кои што едноставно редовните корисници на јавниот транспорт си го имаат на поинаков начин регулирано возењето, изјави Шилегов.
Проблемот со еднократното возење се решава, но граѓаните и натаму се жалат на разни проблеми со јавниот превоз. Последните поплаки се дека автобусите неретко прескокнуваат да застанат на возните постројките.
Шилегов вели дека движењата на автобусите се следат преку Центарот за управување на сообраќај. Додава дека се работи за индивидуални прекршоци за кои е неопходна санкција.
Ново на Сител
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот