-->
-->
Јотовски избори четвртфинале на фјучрсот во Тунис
-->
Македонскиот тенисер Томислав Јотовски успеа да се пласира во четвртфиналето на фјучрсот во Тунис (на првиот од трите на кои ќе игра) откако во мечот од 2.коло го победи домашниот тенисер Маџед Килани со 2:0 во сетови. Првиот сет без поголеми проблеми Јотовски го доби со 6:1 во гемови, а во вториот сет имаше повеќе борба и Килани беше во постојано водство. При 5:4 во гемови за ривалот Јотовски ги доби следните три гема за и притоа имаше брејк во 11.гем кога и поведе со 6:5. Во последниот гем Јотовски не му дозволи на ривалот да освои ниту еден поен за конечни 7:5 во вториот сет.
Во текот на мечот двајцата тенисери имаа добра реализација на брејк топки Јотовски 7/13, а Килани 4/5.
Во следното коло ривал на Јотовски (втор носител) ќе игра против Чилеанецот Рикардо Урузуа-Ривера (846 ранг АТП), кој денеска го елиминира петтиот носител Французинот Флориан Диеп со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4). Ова ќе биде втор меч на Јотовски против Урузуа-Ривера на првиот во февруари 2007 година Чилеанецот во четвртфиналето постигна победа со 2:0 во сетови. Ова беше меч во јуниорска конкуренција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зошто тешко се гасат пожарите во новите згради? Критериумите за противпожарна заштита се застарени
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник на МВР
-
„ДИГИТМАК“: Нов центар за поддршка на дигиталната подготвеност на бизнисите
-
Поништен огласот за претседател на судот во Кавадарци, Нанев немал право на трет мандат
-
Tекстилството останува без кадар, со ниски плати и непочитување на работничките права
-
Нова енергетска криза – Македонија нема да остане изолирана
-
Пожар во подрум на десеткатница во Чаир, затруени со чад повеќе од 40 лица
-
Иран го нападна Израел