ЈО на Република Северна Македонија потпишa работен договор за соработка со Европското јавно обвинителство
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска во Луксембург потпиша Работен договор за соработка со Европската главна обвинителка Лаура Кодрута Ковеси.
Документот, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, има за цел да ја олесни меѓусебна соработка и размената на информации меѓу двете обвинителства за да се обезбеди ефикасна истрага и гонење на сторителите на кривични дела, особено кога станува збор за злоупотреби на финансиски средства од европските фондови.
Со договорот е предвидено Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Европското јавно обвинителство да ги разменуваат сите стратешки информации во нивна надлежност. Европското јавно обвинителство воспоставува и своја контакт точка во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
– Во ова време на глобални финансиски и економски предизвици со кои сите сме соочени, јавните обвинителства и истражните органи воопшто, исто така имаат обврска да вложат максимални напори за да се спречи секоја злоупотреба на буџетски средства. Меѓутоа, финансискиот криминал ги надминува националните граници на државите и само со меѓусебна соработка и заедничка акција можеме навистина да се справиме со злоупотребите, изјавил Јовески при потпишувањето.
Со документот потпишан денеска, се наведува во соопштението, се предвидува двете обвинителства да одржуваат состаноци на високо ниво, како и технички состаноци на оперативно и административно ниво. Договорот ја воспоставува и можноста двете јавни обвинителства во иднина со посебни договори да формираат и заеднички истражни тимови.
На потпишувањето во седиштето на Европското јавно обвинителство присуствувале и јавниот обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија Џељаљ Бајрами и вршителот на должност шеф на Мисијата на Република Северна Македонија во ЕУ Миле Прангоски.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп