ЈО: Две лица под сомнение за насилство во Гостивар
Основното јавно обвинителство од Гостивар отвори постапка против две лица осомничени дека извршиле кривично дело „насилство“, а Судот им определи притвор во траење од осум дена.
– Осомничените, од кои едниот со двојно државјанство на Република Северна Македонија и на Босна и Херцеговина, а другиот државјанин на Босна и Херцеговина, на 18 октомври влегле во дворот на семејната куќа на едно лице од гостиварското село Неготино. Притоа, најпрвин започнале да тропаат на вратата, а откако од куќата излегле три лица -– сопственикот, неговата сестра и неговиот внук, осомничените со дрвени предмети (летви) започнале да ги удираат оштетените, нанесувајќи им повреди, информира Јавното обвинителство.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител побара за двете лица да биде определена мерка притвор. Судот го прифати ваквиот предлог и на осомничените им определи притвор во траење од осум дена.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот