Јанчев најави проект за нов граничен премин кон Грција
Кандидатот за градоначалник на Кавадарци на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Митко Јанчев денеска информира дека отворање нов граничен премин Мајден-Пуљевац со Република Грција е еден од проектите од неговата изборна програма.
-Со овој проект, општината Кавадарци би имала бенефит од зголемена соработка на стопански и економски план. Тоа исто така би значело заживување на селата во овој крај на Кожуф планина, нагласи на прес-конференција Јанчев.
Тој претстави дел од проектите од новата изборна програма, меѓу кои и проектот за доизградба на колекторот од село Сопот до село Марена, изградба на прочистителна станица во Марена. Тие проекти, посочи, се од суштинско значење за кавадарчани.
Јанчев најави изградба на пат од село Рибарци до Сопот. Како што истакна, со реализација на овој проект, ќе се поврзат двете општини, Кавадарци и Росоман.
-Ќе се добие уште една заобиколница што ќе се користи за товарни возила, појасни Јанчев.
Ново на Сител
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново