Израелските власти ги прекинуваат сите врски со Појасот Газа и ги протеруваат Палестинците вработени во Израел
Израелските власти ќе ги вратат во опколениот Појас Газа сите Палестинци кои работат во Израел, јавија денеска официјални лица. „Израел ги прекинува сите контакти со Газа.
Нема да има повеќе палестински работници од Газа“, беше објавено доцна синоќа во соопштението на безбедносниот кабинет на израелската Влада.
Оттаму е наведено и дека Израел ќе престане да обезбедува средства за Палестинската управа наменети за Појасот Газа.
Иако Хамас насилно ја презеде контролата врз Газа во 2007 година од Палестинската управа, во која доминира ривалската фракција Фатах, оваа управа продолжи да плаќа десетици илјади државни службеници во енклавата.
Врз основа на привремените мировни договори од 1990-тите, Израел собира пари од царина и даноци во име на Палестинците и тие пари секој месец и ги исплаќа на Палестинската управа.
Одлуката на израелскиот безбедносен кабинет ќе ја казни Палестинската управа, на која и недостасуваат пари за да продолжи да плаќа плати на јавните службеници во Газа.
Американските медиуми го пренесуваат и делот од соопштението на безбедносниот кабинет во кое се кажува дека ќе се укинат и работните дозволи во Израел за околу 18. 000 Палестинци од Газа.
Во сиромашниот Појас Газа, невработеноста е околу 50 отсто, а работните места во Израел се исклучително барани.
Ново на Сител
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи