Loading Video...
Свет
18. February 2025 - 16:58

Преглед на вестите од светот

И руската и американската делегација задоволни од состанок во Ријад.  Договорено е да се работи на подобрување на билатералните односи помегу САД и Русија  , фофмриање тимови за сите спорни прашања, а се разговарало и за  условите потребни за средбата  Путин Трамп но не е договорен термин за таа средба.

-Зборувавме околу еден час за нашите билатерални односи и колку е важно да обезбедиме, ако не и целосен договор, што е невозможно, но барем дека големите сили се подготвени во секоја ситуација да одржат нормален професионален дијалог и да се обидат да слушнат едни со други. „На почетокот на нашиот разговор, Марко Рубио ја истакна фундаменталната важност во меѓународните односи секоја земја да се води од своите национални интереси. Ние целосно се согласивме со тоа. Се согласивме и дека овие национални интереси, се разбира, нема секогаш да се совпаѓаат, истакна Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија

Тимовите предводени од министрите за надворешшни работи Сергеј Лавров и Марко Рубио  договорија и , да се формираат посебни тимови на руски и американски  преговарачи да почнат разгвори за Украина во  догледно време. Делегацијата на САД рече дека преговорите ќе вклучуваат дискусии за територијата и безбедносните гаранции за Украина. Русија контролира околу една петтина од Украина.

Денес е првиот чекор од долгото и тешко патување, но важно. И претседателот Трамп е посветен на ставање крај на овој конфликт. Тој сака да заврши на начин кој е одржлив и издржлив, а не што ќе доведе до нов конфликт за 2 до 3 години. Тоа нема да биде лесно да се постигне. Доналд Трамп е единствениот лидер во светот кој може да го иницира тој процес, а денес беше првиот чекор во тој процес.

„Значи, би ви рекол дека за да се стави крај на каков било конфликт, мора да има отстапки од сите страни. Нема да предодредуваме што се тие. Ние сигурно нема да преговараме за ова денес или на прес-конференција, за таа работа, изјави Рубио.

Четири часа траеа првите официјлани разговори помегу САД и Русија од почетокто на руската инвазија на Украина пред три години. Покрај Рубиот На американската страна на масата седеа  советникот за национална безбедност Мајк Волс и специјалниот пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф а Лавров беше со помошникот на Путин за надворешни работи  Јурир Ушаков.

И додека тимовите преговараа во кралската палата во Ријад  порторлот на Кремљ испрати порака  дека  Путин е подогтвен да разговара и со украинскиот претседател Зеленски ако е потребно, но во прашање го доведе легитимитетот на украинскиот претеседател, оти мандатот му истекол во Мај 2024..ПЕксов рече и дека  Украина може да влезе во ЕУ но не  и во НАТО.

Украина и Европа не беа поканети на  разговрите. Зеленски отпаува во Турција на средба со Ердоган, од каде порача дека краина нема да прифати никакви решенија во чие создавање нема да учествува.