Израелскиот премиер осомничен за проневера и корупција
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е осомничен за проневера и корупција во два случаја, соопшти полицијата, која повеќе месеци го испитувцаше него, но објавуваше многу малку детали.
Кабинетот на израелскиот премиер повеќепати негираше какви било престапи, а обвиненијата ги оценуваше како „лов на вештерки“ против Нетанјаху и неговото семејство од страна на непријателските медиуми, кои се против неговите тврдокорни политички ставови.
- Ние во целост ги отфрламе неоснованите тврдења против премиерот, се посочува во соопштението од кабинетот на Нетанјаху, додавајќи оти обвиненијата се дел од кампањата „за смена на Владата“.
Нетанјаху е осомничен за примање на незаконски подароци од бизнис партнери, како и дека се обидел да си обезбеди прекумерно влијание врз медиумите.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот
-
За Водици се очекуваат голем број посетители
-
Снежен бран ја очекува Македонија