Избори во Авганистан: Бомбашки напад на џамија, најмалку 15 повредени
Најмалку 15 лица се повредени во бомбашки напад на џамија во Кандахар, град во јужен Авганистан, каде денеска се одржуваат претседателски избори.
Како што пренесуваат светските агенции, на тоа место се наоѓа има избирачко место.
Лекар од болницата во Кандахар изјави дека меѓу повредените има еден полицаец, неколку изборни функционери и Авганистанци кои дошле да гласаат.
Според него, тројца повредени се во критична состојба.
Експлозијата се случила само еден час откако гласачите почнале да се собираат на изборачките места.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Претседателските избори во Авганистан се одржуваат во атмосфера на несигурност и страв од напади на талибанците, кои се заканија дека насилно ќе ги одвратат граѓаните да излезат на гласање.
Право на глас имаат околу 9,6 милиони Авганистанци, избирајќи од 18 кандидати, од кои само шест се сметаат за сериозни.
Фаворити се актуелниот претседател Ашраф Гани и претседателот на Извршниот совет Абдула Абдула, кој изјави дека се плаши од изборни манипулации.
Двајцата се на власт веќе пет години во влада на национално единство, формирана по изборите во 2014 година, која беше обвинета за измама и корупција.
Сепак, најголемиот предизвик на денот на изборите ќе биде безбедноста, а по заканата на талибанците, соседен Пакистан ги затвори граничните премини со Авганистан.
Според најавите, ќе бидат ангажирани 100.000 припадници на безбедносните сили. Сепак, во областите каде што не може да се гарантира безбедноста поради заканите на талибанците, стотици избирачки места ќе останат затворени.
Заканувајќи се со напади, радикалните талибанци ги повикаа граѓаните да останат во своите домови за да не „бидат повредени“.
Министерот за внатрешни работи, Масуд Андараби, во интервју за АП, рече дека планот за безбедносните мерки за време на изборите се планира повеќе од осум месеци.
Пред секое од речиси 30.000 избирачки места во земјата, ќе бидат воспоставени три различни кордони на безбедносните сили.
Прелиминарните резултати не се очекуваат пред 17 октомври, а конечните резултати не пред 7 ноември. Ако ниту еден кандидат не освои 51 процент од гласовите, вториот круг ќе се одржи за две недели.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ќе има силна кривична одговорност, независно кој од која партија е, на која функција или од која институција
-
Силјановска-Давкова: Не е време за делби и конфронтации, смртта и болеста не допира сите
-
СДСМ: Граѓаните да ја добијат вистината, а одговорните да одговараат
-
Крешник Бектеши повикан на информативен разговор во полициска станица
-
115 лица хоспитализирани во македонските болници, 47 се на лекување во странство
-
Акција на ЈО и МВР за несреќата во Кочани
-
Хронологија на настаните во клубот Пулс, ноќниот клуб каде прекина и пулсот на многу млади животи
-
Веста за катастрофалната трагедија во Кочани го обиколи светот