Исповед на таткото на познатата пејачка: Ќерко прости ми!
Стеван Кокиќ, татко на познатата српска пејачка Ана Кокиќ Раѓен, со која не разговара веќе 17 години, во исповедта за српски Курир вели дека грешел како родител и дека ја повикува да се смират и да почнат да живеат како вистинско семејство.
-Тешко ми е за тоа за зборувам, за мене е тоа болна тема. Голема тага има во моето срце зошто јас не разговарам со ќерка ми. Ја сакам и страдам зошто внуците никогаш не сум ги гушнал и бакнал како дедо. Тоа останува како голема рана и празнина во мојата душа. Не бегам јас од одговорност, платив голема цена поради загубата на семејстовото, ја започнува приказната таткото на Ана Кокиќ кој работи како продавач на пазар.
Тој смета дека постарата ќерка предвреме го осудила.
-Никогаш не негирав дека сум коцкар. Мојата луда глава знае што правела. Разбирам што Ана беше лута, но не ми даде можноста да се поправам. Денеска не би страдале ниту јас ниту таа. Треба да се слушната двете страни, а оној кој суди за тоа и да пресуди, вели Кокиќ.
Стеван вели дека се надева и секој ден сака ќерката Ана со внуците да му се појави пред врата.
-За нив мојата врата е секогаш отворена и сонувам кога на нив ќе чукне.Најубавите години што требаше да ги поминам со нив ми поминаа. Ана имаше само 14 години кога ја напуштив нејзината мајка. И јас имав татко кој почина многу млад од алкохол, но никогаш ништо лошо не сум рекол за него. По погребав по негова желба. Сметам дека мојата ќерка треба да стави прст на чело и малку да ги измери работите. Би сакал да ми ги прости грешките, да ми подаде рака и да разговараме. Моето срце тоа го сака, завршува Стеван Кокиќ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат