Исплатени субвенциите за обележани грла овци, кози и маторици
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска изврши исплата на директни плаќања за обележани грла овци, обележани грла кози и женски приплодни грла – маторици.
Корисници на мерката за обележани грла овци се земјоделските стопанства одгледувачи на овци кои поседуваат најмалку 30 грла овци од сите категории евидентирани во Регистерот на одгледувалишта на овци. Вкупната исплатена финансиска поддршка изнесува 553,9 милиони денари за 2 664 одгледувачи.
Корисници на мерката за обележани грла кози се земјоделските стопанства одгледувачи на овци кои поседуваат најмалку 10 грла кози од сите категории евидентирани во Регистерот на одгледувалишта на кози. Вкупната исплатена финансиска поддршка изнесува 53,5 милиони денари за 1 439 одгледувачи.
Корисници на мерката за женски прилолдни грла – маторици се земјоделските стопанства кои поседуваат минимум 6 грла маторици. Вкупната исплатена финансиска поддршка изнесува 9,96 милиони денари за 375 одгледувачи.
-Со силна динамика ја продолжуваме исплатата за мерките за сточарско производство. По исплатите за живинарско производство, денеска ја реализираме и исплатата за одгледувачите на овци, кози и маторици. Дополнително, следи и исплатата за огледувачите на говеда и корисниците кои имаат пријавено пчелни семејства, вели директорот на Платежната агенција Никица Бачовски.
Ново на Сител
-
Утре седница за интерпелации: Власта тврди се ќе заврши брзо
-
Тема на денот со Александар Ивановски, директор на Европската Фискална Конфедерација
-
МОН затвори уште еден приватен институт, ќе се мониторираат дипломите и магистерските
-
Цените на станбениот квадрат уриваат рекорди, колку се реални?
-
Судот во Перник: Пропустите на автопатот „Струма“ придонесоа за несреќата на „Беса Транс“
-
Бајден пред заминување ги заостри санкциите кон Западен Балкан
-
Петрушевски: Сите се дистанцираат од Груби, освен СДС
-
Панихида за Мара Бунева во недела, партијата Преродба со провокација