-->
-->
Ирвинг: Сè уште имаме трошка надеж
-->
Кошаркарот на Далас маверикс, Кајри Ирвинг верува дека сè уште има надеж за тимот да успее да избори учество во разигрувањето за титулата.
- Претрпевме тешки порази, емоционално сме исцрпени, но во исто време сме и професионалци. Најинтересно за ова е што сè уште имаме трошка надеж, трошка светлина на крајот од тунелот, каде што сè уште можеме да се провлечеме. Но, во исто време, јас сум мирен со трудот што го вложивме во играта. Треба само да можеме подобро да ги завршиме натпреварите како тим, го цитира Ирвинг „Далас њуз“.
Далас е уште на една победа од плејин зоната. Моментално е со биланс 37 победи и 42 порази, губејќи седум од последните осум натпревари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Извлечено четвртото тело од Вардар, наредена обдукција
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Спречен организиран криминал со половни возила, поднесени 24 кривични пријави
-
ОЈО Битола ќе истражува за мртвата мечка - Сашо Данго нема дозвола за оружје
-
Затворен мостот на Вардар кај Башино село во Велес
-
МОН денеска ќе ги префрли 120-те милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите
-
Ќе растат платите во Здравството