Инспекторите ја напуштија куќата на Марјановиќ, изнесоа две кеси со докази
Полицијата почна со исушување на каналот на местото каде е пронајдено телото на убиената пејачка Јелена Марјановиќ. По претресот на куќата и дворот на семејството Марјановиќ, форензичарите и инспекторите однесоа две кеси.
Пред семејната куќа на Марјановиќ има екипа на форензичари и инспектори, а полицијата во присуство на сведоци изврши претрес на коќата и дворот.
Од куќата изнеле две кеси, а тепихот кој го изнеле од куќата и го прегледале, потоа го вратиле назад.
Една екипа инспектори замина со кесите, додека пред куќата стигна нов полициски џип. Кога ја напуштија куќата, таткото на Зоран Владимир ја заклучи капијата.
Мајката на убиената пејачка исто така стигна пред семејната куќа на Марјановиќ.
Една од соседките на семејството Марјановиќ им рече на новинарите дека била сведок додека полицијата вршела претрес.
Ново на Сител
-
Претседателот на хрватскиот Сабор во посета на Македонија
-
Првите пари од унгарскиот кредит префрлени на сметката на Развојната банка
-
ВМРО-ДПМНЕ: ССМ ги преповторува ставовите на СДСМ
-
Градоначалникот на Струмица прашува кој ја блокира реконструкцијата на патот Струмица Дабиле
-
460.000 евра за О.Карбинци од унгарскиот кредит
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство