Инфективните одделенија се оптоварени, се реорганизира работата за напливот на пациенти со Ковид-19
Во изминатите два-три дена интензивно работевме на организација и планирање на капацитетите со цел да одговориме на напливот на пациенти, чија бројка во овој момент изнесува околу 330 пациенти позитивни на КОВИД-19 во сите јавни здравствени установи во нашата земја, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Инфективните одделенија и клиниките, посочи, се оптоварени, дел од здравствените работници навистина изморени, после четиримесечна борба со коронавирусот, состојбата на сите одделенија бара постојан надзор и реорганизација на работата.
– Целиот фокус во овие изминати денови го насочивме кон клиничкиот дел и менаџментот на пациенти во периодот којшто е пред нас. Во оваа фаза од епидемијата мора да се организираме и да се подготвиме за целосно амортизирање на напливот на пациенти преку мобилизација и организација на сите расположливи ресурси во нашата земја. Мораме и можеме да го заштитиме здравствениот систем, да го намалиме колку што може повеќе притисокот врз здравствените работници и да обезбедиме прием и добро лекување на сите пациенти кои имаат потреба од тоа, потенцира Филипче.
Тој се осврна на подетална анализа, како и со моментната состојба во болниците каде има голем број пациенти, а здравствените работници се борат за животите на сите пациенти.
– Од вчера на ротација и помош во Скопје на Инфективната клиника и во ГОБ „8 Септември“ пристигнаа вкупно 54 доктори и медицински сестри. Тие веќе почнаа да работат, со што е намален притисокот, што го имаше во изминатите денови. Веќе е направен план и за следни ротации и прераспределба на кадар, како од клиниките, така и од сите болници и здравствени домови од земјава. Во моментот капацитетите на клиниките и одделенијата се различно пополнети, во зависност од капацитетите. Пополнетоста е далеку од максимумот, повеќето клиники и инфективни одделенија и покрај тоа имаат потреба од поддршка, од дополнителен број доктори и сестри и токму тоа се спроведе во изминатите денови, рече Филипче.
Во однос на реорганизацијата, додаде дека веќе разговарал и со приватните клиники и болници кои го понудиле и својот персонал како поддршка, за што и деновиве ќе се направи распоред, и по потреба и тој кадар ќе биде на помош во јавно здравствените установи.
Ново на Сител
-
Сообраќајка во Струшко, тешко повредени возачите и еден сопатник
-
Прегазен 91-годишен пешак од Куманово
-
Отстранети две обемни диви депонии во скопската општина Чаир
-
ФСБ тврди дека Украинците се обиделе во Москва да го убијат митрополитот Тихон, исповедникот на Путин
-
Зеленски пристигна во Вашингтон на средба со Трамп
-
Истражителите сметаат дека смртта на Џин Хекман и неговата сопруга е „сомнителна“
-
Организирале борба со кучиња - уапсени три лица во тетовско
-
Штитеник на старечки дом во Белгија уби двајца свои состанари, а рани трет