Македонија
28. February 2025 - 11:00

Организирале борба со кучиња - уапсени три лица во тетовско

Тетовската полиција вчера во 16 часот во тетовското село Долно Палчиште ги лишила од слобода А.М.(18) од село Горно Палчиште, С.У.(50) од село Долно Палчиште и Ј.И.(43) од прилепското село Дебреште, постапувајќи по претходна пријава дека организирале борба со кучиња.

За настанот биле известени јавен обвинител и Агенцијата за храна и ветеринарство, кои излегле на местото и кои ги преземале кучињата за понатамошна постапка. Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.