„Имерсија“: Грција се соочува со опасност од екстремни пожари
Грција е една од државите во светот кои во следниот период ќе се соочуваат со опасност од екстремни пожари, објави грчкиот весник „Имерсија“, повикувајќи се на податоци од едно меѓународно истражување.
Автортите на истражувањето, предводени од австралискиот професор Дејвид Бауман, своите анализи ги направиле врз основа на проучување на сателитски снимки од 23 милиони пожари во периодот од 2002 до 2013 години.
Тие во анализата дошле до заклучкок дека Грција и остантите земји во реонот на Средозменото Море, пред се Турција, Франција и Шпанија, се меѓу државите кои во иднинта би можеле да се соочуваат со екстремни пожари, додава весникот.
Во истражувањето се посочува и дека во изминативе 15 години од пожари најмногу настрадала територијата на САД, каде само во 2015 година биле уништени над четири милиони хектари површина.
Според истражувачите, веднаш по земјите од медитеранскиот регион, најризична држава за појава на екстремни пожари е Австралија.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори