Живот
2. November 2015 - 14:09

Има нозе тешки 63 килограми: Жената очајно бара помош за операција

Клара Тикли (39) од Хемшир, чии нозе се тешки 63 килограми, се надева дека ќе собере 13.000 фунти за да отиде на липосукција. Кога имала 32 години откриено е дека боледува од пореметување наречено липидем, ненорамално собирање на масно ткиво под кожата.

-Тешко ми е кога луѓето се плашат поради моите нозе. Едноставно тие не можат да престанат да растат, вели оваа мајка на едно дете.

Додава дека била тешка 176 килограми и дека за една година ослабела 50 килограми, но нејзините нозе и натаму се огромни. Раскажува како негогаш била слаба и имала витки нозе.

- И тогаш како некој одеднаш да ме стегна за зглобовите, и нозете почнаа да ми отекуваат. Докторите ми говореа дека сум надуена и ми даваа лекови против задржување на вода во организмот. Бев на диета, но лекарите на почетокот не можеа да ми објаснат зошто нозете ми се двојно поголеми од торзото, а пото ами дијагностицираа липедем, вели Клара.

Foto Profimedia

Липедем погодува 11 отсто од жените. Не е познато што е причината, но се верува дека е генетска болест. Лекарите сметаат дека таа ретка болест може да биде предизвикана од хормонално пореметување. Со оглед на тоа што здравственото осигурување не ја плаќа липосукцијата, Клара се надева дека ќе ги собере парите потребни за операција.

-Имам син и сакам да трчам со него и да возам велосипед. Синот ме разбира и ја прифаќа мојата болест и јасно е дека поради неа не можам да го правам тоа што би сакала, рече Клара.

Foto Profimedia