Илјадници Италијанци бараат продолжување на забраната за отпуштања од работа
Илјадници Италијанци демонстрираа во различни градови во земјата со барање за продолжување на забраната за отпуштање, воведена за заштита на работниците за време на корона кризата.
Генералниот секретар на Заедничката италијанска конфедерација на трудот Маурицио Ландини побара мерката да се продолжи за уште четири месеци до крајот на октомври. Оваа изјава тој ја даде денеска за телевизијата „Раињуз 24″ во Торино.
Замрзнувањето на отпуштањата, што истекува во четврток, се применува во некои сектори особено погодени од пандемијата, како што се градежништвото и производството. Италијанската влада ја воведе мерката на крајот на февруари 2020 година за заштита на работниците и ја продолжуваше неколку пати.
Синдикатите стравуваат дека укинувањето на забраната за отпуштања може да се претвори во „социјална бомба” и инсистираат на безбедност на работниците, посочи претседателот на синдикалното здружение во Бари Пјерпаоло Бомбардиери.
Работодавачите, од своја страна, ја критикуваа забраната за отпуштања затоа што велат дека компаниите можат многу бавно да се реорганизираат за да ја повратат конкурентноста на пазарот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам