Игор Иванов: Расте ризикот од нуклеарна војна во Европа
Конфронтацијата меѓу Истокот и Западот во врска со украинската криза го зголемува ризикот од можна нуклеарна војна во Европа, оцени поранешниот руски министер за надворешни работи Игор Иванов.
- Ризикот од употреба на нуклеарно оружје во Европа, денес е поголем отколку што беше во 80-те години на минатиот век, нагласи Иванов во обраќање на трибина во Брисел.
Како што јави ТАСС, Иванов истакна дека иако САД и Русија го намалија обемот на своето атомско оружје, според податоци од јануари 2015 година, тие заедно поседуваат околу 7.000 нуклеарни боеви глави, што е 90 проценти од вкупниот нуклеарен потенцијал во светот.
- Имаме помалку боеви глави, но ризикот за нивна употреба е зголемен, рече Иванов, кој беше шеф на руската допломатија од 1992 до 2004 година, а сега е раководител на Московскиот центар за анлизи, кој е формиран од Владата на Русија.
Според него, антиракетниот штит што САД го градат во Европа само го зголемува ризикот од конфликт.
Тој нагласи дека распоредувањето на елементи од американскиот антиракетниот штит во Полска, ќе ја натера Русија да стационира дополнителни одбранбени сили во реонот на руската енклава Калининград.
Иванов смета дека во моментов има многу мали шанси Европа и Русија да се усогласат во напорите за изнаоѓање политичко решение за конфликтот во Украина, во кој од април 2014 година, па досега, загинаа околу 4.000 лица.
- Патиштата на Европа и Русија сериозно се разидуваат и тоа ќе остане така на долг рок, веројатно со децении, нагласи Иванов, додавајќи дека Русија не може да биде „источното крило на неуспешниот проект за поголема Европа“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален