Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
За една деценија 400 матични лекари помалку. Ако во 2014 имало околу 1800, сега бројката е под 1400. Примарното здравство како столб на системот е одамна разнишано. Доктори одат во пензија, никој не сака да ги замени а затворена ординација е голема штета и загуба за државата, велат од Здружението на приватни лекари. На жителите во Богомила и Извор се уште нема лекар кој ќе им пружа основна здравствена заштита а во Куманово, Велес, Дебар и други градови веќе го чуствуваат недоволниот број на матични.
-Младите лекари кои што идат никој не се гледа и не сака да биде матичен лекар што е фрапантно и застрашувачко за нашата држава. Сите млади што ни доаѓаат велат ако може да дојдам кај вас да поработам 6 месеци за да добијам право за специјализација. Со сите што имам разговарано ретко кој планира да остане да биде столбот на здравствениот систем а тоа е примарното здравство, вели д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.
За здружението со сериозен проблем и предизвик се соочуваат матичните кои имаат од 500 до 700 пациенти и кои со сегашните услови тешко дека ќе опстојат.
-Ако не се подобри состојбата, ако не се дадат апарати, ако не се зајакне примарното здравство и докторот да биде доктор, да работи и да нема казни кои се енормни кои едно мало ПЗУ не може да ги плати. Предвидуваат да таа бројка рапидно се намали во наредниот период и да останат само оние појаките ординации кои гравитураат во поголеми градови и имаат прикрепено поголем број пациенти, вели Чолакова.
Доктор Дервишова вели дека за 23 години само за 30 денари била зголемена капитацијата и финансиите се една од причините за оваа дејност не биде примаплива за младите доктори. Од Фондот за здраватвено осигурување најавија дека догодина напролет ќе има зголемување на капицатиониот бод, но се уште течат преговорите со примарното здравство. Ќе помогне ли ова да нема празни ординации низ државата?
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар