Исходот од пукање петарди може да биде фатален
Ако пукате петарди за Нова Година, исходот може да биде фатален. Во пресрет на новогодишните и божиќни празници докторите апелираат на особена внимателност. Превентивните кампањи се клучни, за на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства.
Во меѓувреме, полицајците се со полни раце работа. Само во декември собрале 137.095 петарди, 293 огномети и 167 ракети. Не само во декември, полицијата таргетира кој продава пиротехника цела година.
Во периодот од 01 јануари, заклучно со 30 ноември 2024 година евидентирани се 25 кривични пријави со кои се откриени 25 кривични дела од овој домен, при што во рамки на истите запленети се вкупно 52.806 парчиња петарди, 116 огномети и 166 пиротехнички ракети.
Законот налага затворски казни од три до десет години за тие што прдаваат, држат или набавуваат експлозивни материи.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар