И „лукавиот“ Лука затајувал данок
Лука Модриќ, како што објавија шпанските медиуми, во текот на денот треба да се појави пред судијата Гонзало Салгадо поради обвинениеот дека за едно со сопругата Вања исбегнал да плати данок од најмалку 870.728 евра.
Брчната двојка е осоумничена дека во Луксембург формирале фиктивна компанија со цел да избегнат плаќање на данок во Шпанија во 2013 и 2014 година. Корпоративниот данок во Луксембург може да биде намален до еден отсто, додека во Шпанија изнесува 30 отсто, а според сегашните крутериуми може да порасне до 51 отсто.
Шпанските даночници се сомневаат дека износот може да биде и поголем, поради што обвинителството ги истражува сметките на Модриќ во даночниот рај на островот Ман, кој се наоѓа помеѓу Ирска и Велика Британија.
„Ел Мундо“, објави дека Модриќ нема да заврши в затвор бидејќи се спогодил со обвинителството и веќе уплати еден милион евра, што според Шпанците е знак дека сака брзо решавање на случајот.
Ново на Сител
-
Македонците од Албанија бараат помош од државата за справување со бугарската пропаганда
-
Тема на денот со Васил Стерјовски
-
Амнестирани обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“
-
Рокас: Интензивирани се дипломатските активности, власта да ја спроведе реформската агенда, а ние сме тука да асистираме
-
Посетата на Мицкоски на САД – за ВМРО-ДПМНЕ државен успех, за СДСМ евтина ПР фарса
-
Ахмети со скандалозна изјава од Чашка - Македонците според него зборуваат на бугарски јазик
-
Додека болните чекаат терапија, политичките партии се препукуваат за Онкологија
-
Унгарскиот заем наскоро ќе биде достапен за фирмите