Loading Video...
Спорт плус
11. September 2022 - 11:24
Хрватска е нов европски шампион во ватерполо
Хрватска е новиот европски првак во ватерполо.
Во финалето на Европскиот шампионат што се одржа во Сплит, а на задоволство на бројната домашна публика популарните „баракуди“ во финалето го совладаа бранителот на трофејот од претходното првенство Унгарија со 10-9.
До својот втор трофеј европски првак Хрватите стигнаа по пауза од 12 години, откако првиот во 2010-тата исто така го освоија пред својата публика, тогаш во Загреб.
Во дуелот за бронзениот медал, играа финалистите од Светското првенство. А, како и пред еден месец, актуелниот светскиот првак Шпанија беше подобар од Италија овојпат со 7-6.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->