Харадинај: Тачи нема да биде избран за претседател на Косово
Лидерот на Алијансата за иднина на Косово (ААК), Рамуш Харадинај е убеден дека Косово ќе оди на предвремени парламентарни избори на почетокот на март.
Тој, како што јави дописникот на МИА, за тиранската телевизија Топ-чанел изјави дека очекува лидерот на Демократската партија на Косово и акуелен вице-премиер и шеф на косовската дипломатија, Хашим Тачи, да не биде избран за претседател на Косово и оти како последица на тоа ќе бидат распишани вонредни парламнтарни изори.
- Не верувам дека Тачи ќе биде избран. Не верувам. Не гледам дека тоа е можно. Мислам дека на 7 март автоматски ќе одиме на нови избори, изјави Харадинај, кој во петокот се откажа од својот пратенички мандат.
Харадинај нагласи дека неговото „заминување од Парламентот“ има само една порака - тој да се распушти и да се организираат нови избори.
- Всушност сметам дека овој Парлемент има да заврши само една работа, а тоа е да се самораспушти, додаде Харадинај.
Иако се откажа од борбата внатре во косовскиот законодавен дом, Харадинај истакна дека ќе продолжи со активностите заедно со другите два опозициски партии Самоопределување и Иницијативата за Косово, најавувајќи дека опозицијата од утре почнува со протести кои треба да кулминираат на 27 февруари.
Ново на Сител
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат
-
Преглед на вестите од светот