-->
-->
Хан: Изборите ќе се одржат во секој случај
-->
Во принцип, изборите ќе се одржат во секој случај, бидејќи тоа е според Уставот на Поранешната југословенска Република Македонија, вели еврокомесарот за проширување Јоханес хан во интервју за дописникот на Радио Слободна Европа, Рикард Јозвиак.
-Сега кога Парламентот е распуштен, тие (изборите) ќе се одржат, но неопходно и важно е овие избори да бидат спроведени на начин на кој ќе бидат признаени од меѓународната заедница. Во спротивно, земјата нема да има евроатлантска перспектива и тоа беше сеопфатната цел на нашите активности и напори кои беа прифатени во договорот јуни/јули минатата година. Ако сега се е коригирано или неимплементирано, тоа е против интересот на граѓаните на земјата и политичките лидери треба да сфатат дека тоа и штети на целата перспектива на земјата и дека ризикуваат да бидат ставени во изолација, вели Хан.
Еврокомесарот потенцира дека треба да се разбере дека демокатијата значи компромис, да се работи заедно, да им се служи на луѓето, а не себеси.
-Да бидат фокусирани и да спроведат фер и транспарентни избори, а Владата и сите кои се одговорни да придонесат да има Избирачки список кој ќе биде прифатен од сите и кој ќе биде прочистен, вели Хан.
Во однос на прашањето за одлуката на Иванов, Хан вели дека е нешто кое според неговите сфаќања не е прифатливо и не е во согласност со владеењето на правото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам