-->
-->
Гвардиола бара независна Каталонија, Шпанците ќе го апсат?!
-->
Тренерот на фудбалскиот клуб Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја повика меѓународната заедница да го поддржи референдумот за независност на Каталонија, што шпанската влада го смета за нелегален.
Гвардиола го прочита манифестот на собирот на неколку илјади поддржувачи за каталонска независност, кои се собраа денеска во Барселона.
“Демократијата во Европа и во целиот свет треба да стојат зад нас, бидејќи ние ги браниме нашите права за слобода на политичко изразување и правото на глас”, рече поранешниот тренер и фудбалер на Барселона, Пеп Гвардиола.
Претседателот на каталонската влада Карлес Пучдемон во петокот го закажа референдумот за 1 октомври.
Премиер Маријано Рахој се противи на референдум и рече дека тој ќе го спречи.
Според анкетите 44,3 проценти од Каталонците се за независност, а 48,5 отсто се против, додека 73,6 отсто се да се распише референдум.
За референдумот, но не и за независност се и а левичарските партии, синдикати, бизнисмени, како и на фудбалскиот клуб Барселона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Водици и Денот на рибарите магнет за туристите
-
Преглед на вестите од светот
-
Револт кај Македонската Фаланга од данските судии - играчите и навивачите сепак не се обесхрабрени
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ