-->
-->
Гутереш: Нуклеарна војна не може да се добие и не треба да се води
-->
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, синоќа изјави дека нуклеарна војна не може да се добие и не треба да се води.
„Употребата на нуклеарно оружје ќе влијае на сите држави, што значи дека сите држави имаат одговорност да обезбедат такво смртоносно оружје никогаш повеќе да не се користи и целосно да се елиминира од националните арсенали“, нагласи генералниот секретар во изјавата за Меѓународниот ден за целосна елиминација на нуклеарното оружје.
Генералното собрание на ОН го прогласи Меѓународниот ден во декември 2013 година во својата резолуција 68/32. Овој ден дава можност за светската заедница да ја потврди својата посветеност на глобалното нуклеарно разоружување како заеднички приоритет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Водици и Денот на рибарите магнет за туристите
-
Преглед на вестите од светот
-
Револт кај Македонската Фаланга од данските судии - играчите и навивачите сепак не се обесхрабрени
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ