Град Скопје апелира да се пријави фрлање отров на јавни површини
Град Скопје апелира доколку се забележи појава на труење животни да се пријави во полиција на бројот 192, или во ЈП „Комунална хигиена“ (02 321 66 44) и во стационарот „Вардариште“ (02 820 13 57).
Фрлањето отров и отровни материи на јавни површини со цел труење бездомни животни е крајно неодговорна постапка, претставува сериозна опасност по здравјето и животот на луѓето и животните, а воедно е и кривично дело, соопшти денеска град Скопје, осудувајќи го фрлањето отров од одредени неоговорни поединци или групи.
Град Скопје во соопштението потестува дека во 2007 година е отворен стационарот за бездомни животни во Вардариште, кој го стопанисува ЈП „Комунална хигиена“, каде работи согласно принципите за хуман третман на животните - ЦНР програма (catch, neuter, release - „залови, стерилизирај, пушти“), осмислена од Светската асоцијација за заштита на животни (WSPA) и Кралското здружение за заштита на животните на Велика Британија (RSPCA). Изминативе неколку години капацитетот на стационарот „Вардариште“ е зголемен двојно. Објектот е изграден според европски стандарди и во него се сместени 48 нови боксови за сместување и хуман третман на заловените кучиња скитници, за што Градот Скопје потроши околу седум милиони денари, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат