Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани
Врвот на поплавата во руската област Курган, која се протега на реката Тобол, во близина на границата со Казахстан, се очекува денеска, по драматичното зголемување на нивото на водата.
Повеќе од 7.100 луѓе вчера беа евакуирани од неколку стотици станбени згради кои беа поплавени.
Агенцијата РИА јавува, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации, дека зголеменото ниво на водата во Курган е закана за 62 населени места и 4.300 домови.
Во соседен Казахстан, каде што повеќе од 108.000 се евакуирани од почетокот на поплавите минатата недела, водата поплави повеќе од 1.000 домови во градот Петропавловск во неделата, принудувајќи евакуација на повеќе од 4.500 луѓе.
Големите реки се излеаја од коритата по историските поплави поради топењето на снегот. Реката Тобол забележа зголемување на нивото на водата за 23 сантиметри во рок од четири часа, соопштија локалните власти на областа Курган во федералниот округ Урал.
Тобол вообичаено е замрзнат од ноември до април.
Во регионот Курган ситуацијата дополнително се влоши поради обилните врнежи.
Поплавите потопија и куќи во областа Томск, во југозападниот дел на Сибир. Според последните информации, таму под вода се 140 куќи, а евакуирани се 84 лица.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра