Годишно собрание на Светскиот македонски конгрес
Светскиот македонски конгрес (СМК) денеска ќе го одржи своето јубилејно, 25. Годишно генерално собрание.
Генералното собрание ќе одбележи 25 години од возобновувањето на СМК, формиран во 1899 година во Женева, ќе донесе резолуција за Македонија и ќе упати барање до претседателите, владите и парламентите на Австралија, Израел и земјите-членки на ЕУ и НАТО да ја признаат државноста на Македонија под нејзинито единствено име.
Резолуцијата предвидува одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, безусловен крај на разговорите за името и продолжување на членството во ОН и во сите меѓународни организации под името Македонија, унапредување на положбата и правата на Македонците во соседните земји,...
Генералното собрание ќе донесе и резолуции за политичката криза во Македонија, како и за мигрантите од Блискиот Исток, Африка и Азија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест