Годишната инфлација во Турција за декември изнесувала 11,9 проценти
Потрошувачките цени во Турција во декември се зголемиле за 11,9 отсто во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоци што денеска ги објави турскиот институт за статистика.
Инфлацијата во декември била пониска од 12,98 проценти колку што изнесуваше претходниот месец, што беше највисоко ниво на стапката на инфлација во последните 14 години.
Трошоците за превоз во декември пораснале за 18,24 проценти на годишно ниво, а цените на храната и безалкохолните пијалоци се зголемиле за 13,79 проценти. Цените на здравствената заштита и стоките за домаќинство, исто така, забележале двоцифрено зголемување.
Турција соопшти дека во третиот лански квартал остварила економски раст од 11 отсто, но инфлацијата останува висока и лирата се уште е слаба во однос на странските валути.
Лирата падна и по денешната објава за податоците за инфлацијата, па така во моментов едно евро чини 4,5 лири, а за еден долар се добиваат 3,77 лири.
Ново на Сител
-
На онкологија почна да стигнува дел од терапијата која беше дефицитарна
-
Ниту Институтот по филозофија при УКИМ не ја одобрува новата концепција за гимназиско образование
-
Тошковски: Безбедносната состојба е стабилна
-
Анализа: Како техонологијата може да ви го спаси животот
-
Србија не се смирува, протестите продолжуваат
-
ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија
-
Веќе пет дена гори депонијата кај Прилеп
-
Штипска Онкологија има недостаток од кадар и просторни услови