ГОБ „8 Септември“ треба да остане добар „бекап“ за клинички центар, вели Таравари
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека според него, ГОБ „8 Септември“ треба да остане добар „бекап“ за клинички центар.
- Мислам дека ГОБ „8 Септември“ треба да биде втора клиничка болница во Скопје, меѓутоа треба да се дадат повеќе ингеренции. Мислам дека „8 Септември“ треба да остане како и досега, добар „бекап“ за Клинички центар, нагласи министерот, одговбарајќи на новинарски прашања по официјалното пуштање во употреба на компресорската станица за хируршките клиники.
На прашање до кога ќе биде паузирана изградбата на нов клинички центар, тој одговори дека за 2025 нема таков план.
- За 2026 ќе зборуваме и ќе ви кажиме доколку има нешто конкретно, рече Таравари.
Одговарајќи на новинарско прашање за болницата во Штип, тој рече дека не само таа, туку сите болници биле оставени така како што биле. Тој изрази надеж дека по јуни ќе се почне со проект за реновирање, односно нови болници во Штип и Кичево.
- Сега ако ви кажам одма ќе ги направиме, тоа е невозможно. Оваа година, во план ни се четири болници за да започнеме. Струмица, „Свети Еразмо“, Кичево, Штип. Овие ни се во план за оваа година и реновирање на оддели и тука на Клинички, но и на други болници, одговори тој на прашањето кога може да се очекуваат подобрени услови.
Министерот рече дека е оптимист барем таа во Струмица и „Свети Еразмо“ да бидат завршени до крајот на оваа година, а новите болници во Штип и Кичево да бидат готови барем за две години.
На прашање за коментар за најава дека Државниот инспекторат ќе ја тужи Детската клиника, тој одговори оти нема, „ако мислат дека треба да се тужи, нека ја тужат“. Министерот рече и дека нема информации за пациенти од „Тикток“, млади луѓе кои користат по пет - шест парацетамоли, пријавени на Клиниката за токсикологија.
- Првпат ја слушам оваа информација, бидејќи, искрено, не користам „Тикток“, одговори тој на новинарско прашање.
Ново на Сител
-
Зошто нема организиран превоз за лица кои одат на дијализа во ГОБ 8-ми септември?
-
Нова компресорска станица на Клинички
-
Еуроактив: Нема преговори меѓу Софија и Скопје, македонската влада сепак дава шанса на дијалогот
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат