Ѓоко Ѓорѓевски: Се наѕира можно праведно решение за македонското црковно прашање
Деканот на Православниот богословски факултет „Св.Климент Охридски“ во Скопје, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски во изјава за МИА оценува дека сега конечно се наѕира можно праведно Соломонско решение за македонското црковно прашање.
Во врска со писмото што Светиот синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија го испратил до Бугарската православна црква во кое бара таа да биде нивна црква-мајка ако ја признаат афтокефалноста на МПЦ-ОА, тој посочи дека „на Балканот целото православие е „роднински“ поврзано, а речиси сите современи национални цркви како „мајка“ ја имаат Цариградската патријаршија“.
Тука, псочува, е и скоро осумвековното автокефално постоење на Охридската архиепископија, која низ историјата, исто така, имала свои рожби.
- Но, бидејќи го користиме мајчинството како парадигма за нашите црковни состојби, да се потсетиме дека тоа е исклучително голем дар, но и уште поголема одговорност, потенцира Ѓорѓевски.
Тој нагласи дека „вистинската мајка не се срами од своето чедо, не го обезименува, таа не е себична и се радува подеднакво, колку на денот на раѓањето на сопствената ќерка, толку и на денот кога таа ќе биде подготвена да си замине и да создаде сопствен дом“.
- Сега, пак, конечно се наѕира можно праведно Соломонско решение за македонското црковно прашање. Во буквална смисла на зборот. Често употребуваната синтагма своето потекло го води од една библиска сторија, кога пред мудриот цар Соломон две жени ќе спорат која од нив е вистинската мајка на едно дете. Соломон ќе заповеда тоа со меч да се преполови и на жените подеднакво да им се подели. Едната веднаш се согласила и рекла: „нека не биде ни мое, ни твое: пресечете го!“, додека другата извикала: „дајте ѝ го на другата, само не убивајте го!“ И тогаш, и сега, која се покажува како вистинска мајка?, вели Ѓорѓевски.
Синодот на МПЦ-ОА на 9 овој месец испрати писмо до БПЦ во кое се бара да ја признае нејзината афтокефалност, а за возврат МПЦ би ја прифатила БПЦ како своја Мајка-црква.
За писмото и барањата на македонските владици засега нема официјален став ниту од МПЦ-ОА ниту од БПЦ.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Скопје меѓу десетте најзагадените градови во светот
-
Утрово најстудено во Берово, измерени -6 степени
-
Во вооружен напад во бар во Мексико 10 убиени и седум повредени лица
-
Претерување со шеќер и сол е штетно по здравјето
-
Стојановски освои сребро на Европското првенство во таеквондо за кадети
-
Македонските ракометари и гостуваат на Литванија
-
Путин го потпиша законот за взаемна одбрана со Северна Кореја во случај на воен напад