ОН ги обвини украинските власти и проруските сепаратисти за мачење затвореници во Донбас
ОН денеска ги обвини украинските власти и проруските сепаратисти за мачења затвореници во источниот дел на Украина, која веќе две години е зафатена од вооружен конфликт, пренесоа француските медиуми.
Обвиненијата беа упатени во извештајот на Високиот комесаријат за правата на човекот на ОН, што денеска беше објавен.
Принудното исчезнување на луѓе, произволните апсења, мачења и нехумано однесување, се честа појава на териториите под контрола на вооружените групи, како и на териториите под контрола на Владата, се наведува во извештајот.
Во документот на 53 страници властите во Киев и Украинската служба за безбедност се посебно критикувани.
Луѓето кои се приведувани од украинските власти во врска со вооружениот конфликт, постојано биле малтретирани. Тие и натаму се судруваат со систематско нарушување на нивните права за чесен судски процес, се посочува во извештајот.
Украинските власти, често пати, дејствуваат во противречност со принципот на недискриминациски приод, бидејќи политиката ја сфаќаат како исклучување или ограничување на достапноста до фундаменталните слободи и до социјално-економските права на луѓето, кои престојуваат во зоните зафатени од конфликтот, се дополнува во извештајот.
Властите на самопрогласените „Доњецка Народна Република“ и „Луганска Народна Република“ са обвинети дека ги нарушуваат правата на човекот на приближно 2,7 милиона лица, кои престојуваат на териториите под нивна контрола.
Со цел да и наштетат на опозицијата тие вовеле систем за надминување на конфликтите, што дејствува на произволен принцип, и создале мрежа од затвори во кои приведените биле мачени и имало нехуман однос кон нив.
Во конфликтот во источна Украина за две години загинаа 9.371 лица, а над 21. 500 беа ранети, се наведува во извештај.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам