Герасимовски: Во Центар почнавме нова приказна, нека ни е среќна и успешна новата 2025 година
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, преку видео обраќање ја честита Новата 2025 година.
Во продолжение, Ви го пренесуваме неговото обраќање во целост:
“Во Центар започнавме нова приказна, приказна која секој ден ја испишуваме заедно. Оваа година ја завршуваме со уште едно успешно поглавје – изградба на нова градинка и проширување на училиштето „Коле Неделковски“, после педесет години! 2024-та беше година на големи промени и значајни проекти за Општина Центар. Почнавме со реконструкција на легендарната спортска сала „Работнички“, по повеќе од половина век. Паметното јавно осветлување донесе безбедност и заштеда низ нашата општина. Дополнително, со поставување на фотоволтаичните системи во основното училиште „Киро Глигоров“ покажавме дека инвестираме во одржливи решенија кои имаат долгорочна корист за сите нас. Сето ова е само почеток. Нашата визија за Центар продолжува со исто темпо и енергија. Во новата година, заедно ќе работиме за подобри училишта, поубави паркови, подобрена инфраструктура и поквалитетен живот за секој од нас. Но, пред сè, дозволете ми да Ви посакам среќни празници! Нека Новата година донесе здравје, радост и љубов во секој дом. Да ни е среќна и успешна Новата година!”, истакнува Герасимовски.
Ново на Сител
-
Москва го прошири списокот на претставници од ЕУ на кои им е забранет влез во Русија како одговор на новите санкции
-
Путин и Лукашенко ја осудија политиката на НАТО и ЕУ
-
Зеленски: Русија го одолговлекува процесот за прекин на огнот
-
Путин: Ние сме за примирје, но прво треба да се одговори на многу прашања
-
„Д Фестивал“ годинава ќе се одржи во Штип
-
Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско
-
ЈКП Гази Баба пријави загадување на водата во Булачани
-
Уапсен 37 годишен скопјанец, физички ја нападнал поранешната партнерка и нејзините три ќерки