Фрлен молотов коктел на Институтот за заразни болести во Германија
Неколку напаѓачи фрлиле молотов коктел кон германскиот институт за инфективни болести Роберт Кох во Берлин, предизвикувајќи мала штета на зградата, соопшти денеска полицијата.
Инцидентот се случил во текот на ноќта, а стражарите во институтот, кој ја советува владата за мерките за јавно здравје за сузбивање на пандемијата на коронавирус, биле сведоци на нападот, пренесува Ројтерс.
Напаѓачите, кои не биле фатени, искршиле прозорец на зградата. Никој не бил повреден.
Берлинската полиција истражува дали нападот бил политички мотивиран, се наведува во соопштението.
Медиумите вчера ја објавија изјавата на директорот на германскиот епидемиолошки институт, Роберт Кох, Лотар Вилер, кој рече дека постојат два клучни фактори што го прават коронавирусот побрзо да се шири – смеата и разговорите.
„Онаму каде што луѓето разговараат и се смеат во мал простор, постои голема опасност од пренесување на заразата“, рече вчера Вилер.
Ново на Сител
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи