Филмска бркотница: Бегале од полицијата па ја срушиле наплатната рампа „Тетово- Гостивар“
Осум лица се приведени и 12 килограми марихуана се запленети во новото продолжение на големата полициска акција „Мрежа“.
Во три одделни случаи полицијата успеала да им влезе во траг на нарко- дилерите чија цел била запленетата дрога да стаса на улиците.
Во првиот случај полицијата се соочила со вистинска филмска потера. Две лица кои со возило ја превезувале дрогата биле забележани од полицијата која се обидела да ги легитимира но тие се дале во бегство. Во обидот да ја избегнат средбата со органите на прогон удриле и ја искршиле наплатната рампа на автопатот „Тетово- Гостивар“. Кај нив во најлонски вреќи биле пронајдени 6 килограми марихуана.
Во вториот случај биле приведени 5 лица од Скопје кои кај себе имале 3 килограми марихуана. Дрогата ја набавиле од Косово, ја подготвиле за продажба и ја сместиле во 60 пакувања.
Третата реализација се случила на автопатот Прилеп –Скопје. Полицијата привела едно лице во чиј автомобил била скриена дрога. Во неговата хауба биле пронајдени 3 килограми марихуана.
Ново на Сител
-
Четврто одложување на повтореното судење за модуларната болница
-
Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола
-
Kaj 30-годишник во Аеродром пронајдена, марихуана, бела грутчеста материја, таблети и пиштол
-
Прекин во работењето на системот е-Даноци
-
Шекеринска учествува на Форум за надворешна и безбедносна политика во Литванија
-
Украинските власти објавија национална воздушна тревога
-
27 годишен дечко и 28 годишна девојка се истепале пред кафана во скопски Аеродром
-
Минчев: Почнуваме со квалитетни реформи за професионална јавна администрација