Филмот „Смртта на Луј XIV“ на КРИК фестивалот за критичка култура
Филмскот фестивал за човекови права кој се одржува во рамки на КРИК фестивалот за критичка култура, вечер во Кинотека на Македонија продолжува со филмот „Смртта на Луј XIV“ на режисерот Алберт Сера.
Фестивалот синоќа беше отворен со документарниот филм „Аустерлиц“ на украинскиот режисер Сергеј Лозница, што е прв пат во Македонија да се прикаже филм од овој автор, кој последните неколку години важи за едно од најзначајните имиња на европскиот филм.
Филмскиот фестивал на КРИК го отвори селекторот Петар Милат, кој од 2008 е директор на Филмскиот фестивал за човекови права во Загреб.
- Филмот на Лозница го вбројувам меѓу петте најдобри филмови за 2016 година и тоа во сите филмски родови, според многумина критичари се работи за најважниот филм на годинешниот Венециски филмски фестивал и драго ми е што можеме овој автор да го прикажеме и во рамки на фестивалот КРИК во Скопје, рече Милат.
По проекцијата се одржа и разговор со Никола Гелевски, писател и издавач од Скопје и српскиот писател Бојан Бабиќ, кој говореше и за својата книга „Илегален Парнас“.
Ново на Сител
-
Роналдо на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико
-
Шефот на НАТО: На Украина никогаш не и било ветено членство
-
Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина
-
Кривична против две лица од Скопје, обид за убиство
-
Кривична против сопственик на угостителски објект во Струга, сомнение за кражба на електрична енергија
-
15-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Бојкотите продолжуваат: Драматично зголемување на цените на храната во ЕУ и Западен Балкан
-
Шолц: Нема милост за уапсениот за нападот во Минхен, тој мора да ја напушти земјата