Македонија
1. July 2024 - 16:39

Филипче нов лидер на СДСМ покрај бројни сомнежи за изборни злоупотреби

Венко Филипче е нов лидер на СДСМ. Со освоени над 9000 гласови од централната изборна комисија денеска го прогласија изборниот процес за успешен. По затворањето на избирачките кутии пристигнат е само еден приговор, кој не може да влијае врз конечните резултати  

Мал бројот на членови, вкупно 51 кои побараа да им биде овозможено да гласаат иако не биле на избирачкиот список. На 7 им е прифатено барањето а 44 се одбиени. Затоа што по проверка во системот се констатираше 7 се акредитирале а 44 дека не се акредитирани преку активна регистрација и не е доставен образец за активна регистрација. Оттука, целосно е несоодветно да се тврди дека станува збор за голем број на членови ниту пак да се тврди дека ова има влијание на процесот, вели Викторија Аврамовска Мадиќ од ЦИК на СДСМ

Филипче кој вчеравечер во партиското седиште беше пречекан од само 20-тина поддржувачи, вети дека ќе работи на сериозно рефомирање и обединување на партијата. Вели дека разочарани ќе бидат сите оние кои сакале да ја видат СДСМ на колена и распадната.

Сенка врз изборите фрлаат бројните обвинувања и пред и но и за време на изборниот ден. Кандидатот Деспотовски по информациите дека голем број членови биле вратени од избирачките места, вели дека СДСМ не може да зборува за кредибилен процес. И кандидатот Бајдевски побара партиските органи да ги истражат сите наводи.

Утрово преку фб слична порака испрати и Слајванка Петровска која два дена пред изборите се повлече со обвинувања дека изборниот процес е нефер.

„Се боревме против заробена држава, а добивме заробена партија“ , напиша Петровска. Првите честитки пак за Филипче пристигнаа од Ковачевски и Спасовски кои почараа дека очекуваат токму тој да ја врати партијата на победничките патеки.

Без да ги коментира изборите во СДСМ, премиерот Мицкоски вели дека очекува со новиот лидер СДСМ да биде конструктивна опозиција.

Филипче ќе биде шестиот претседател на СДСМ кој ќе има мандат до март следната година, кога според Статутот партијата ќе организира редовни внатрепартиски избори на кои ќе се бира претседател со 5 годишен мандат.