-->
-->
Фени Индустри во 1/2 финалето од плејофот
-->
Фени Индустри се пласираа во полуфиналето од плејофот на кошаркарскиот шампионат на Македонија.
Екипата од Кавадарци вечерва пред својата публика во салата „Јасмин’’ го совлада Кожув со 82:69 и со 3-1 во победи обезбеди пласман меѓу четирите најдобри екипи.
По израмнетото прво полувреме кое заврши со поен предност за Фени И. со 39:38, домаќините во третиот териод одиграа многу поквалитетно и го добија истиот со 21:7. Тоа беше клучниот период од овој меч во кој Карло Враговиќ со 27 постигнати поени беше најзаслужен за оваа победа на кавадаречката екипа, во која Владимир Ивеља постигна 17, а Кирил Николовски придонесе со 14 поени.
Во полуфиналето Фени Индустри за противник ќе го има актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина
-
Владата ја промовираше развојната национална програма
-
Расте интересот за дуално образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка