-->
-->
Фајман: Политиката на Меркел не е фер кон Австрија
-->
Австрискиот канцелар Вернер Фајман ја критикуваше политиката кон бегалците, која ја води германската канцеларка Ангела Меркел нагласувајќи дека со неа од Австрија се прави тампон зона за бегалците.
- Доколку еден или два милиони лица сакаат преку Австрија да заминат во Германија може релативно лесно со граничните процедури да се предизвика застој во Австрија. Со тоа стануваме тампон зона, нагласи тој во интервју за виенскиот весник „Пресе“.
Фајман нагласи оти тоа не е фер и додадека дека со тоа на Австрија може да и се нанесе штета.
- Имам лично добар однос со Меркел, но во политичка смисла постојат тензии, призна тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија
-
За брзо возење 286 санкции на територија на цела држава