-->
-->
Ф-1: Нови правила во квалификациите
-->
На состанокот во Женева, договорено е првата квалификациска сесија да трае 16 минути, но по седум минути најбавниот на патеката да биде елиминиран. Потоа на секои 90 секунди, до крајот на сесијата, ќе бидат елиминирани уште шест возачи.
Преостанатите 15 возачи борбата за што подобра стартна позиција ќе ја продолжат во втората сесија која ќе трае 15 минути.
Најбавниот ќе ја заврши сесијата по истекот на шестата минута, а потоа во интервал од по 90 секунди ќе отпаднат уште четворица.
Во третата квалификациска сесија ќе влезат најдобрите десет кои ќе се борат за пол позицијата. Третата сесија наместо досегашните десет, ќе трае 14 минути. Првиот возач, ќе ја заврши сесијата по пет минути. Потоа на секои 90 секунди ќе отпаѓа по еден возач, се додека не останат последните двајца, кои ќе имаат 90 секунди да се изборат за пол позицијата.
Шефовите на тимовите веруваат дека новиот систем на квалификации ќе ја зголеми неизвесноста во борбата за пол позицијата, бидејќи секоја грешка на возачот или тимот ќе може да биде кобна.
Новиот систем ќе донесе и дополнителна мешаница на патеката, бидејќи болидите многу почесто ќе бидат на самата патека, а проблем ќе преставуваат возилата кои се елиминирани и кои ќе возат кон своите гаражи
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анализа: Како се случи енергетскиот колапс во регионот?
-
Колку ќе заштеди здравството со укинувањето на организациските директори?
-
Од понеделник нема да возат приватните превозници во Скопје
-
Трнливиот пат и бурите од Пакистан до Македонија на бегалецот Алириза Куреши
-
Прилепчани со велосипед од Цирих
-
Тема на денот со Сара Миленковска
-
Енергетски колапс: Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија со часови без струја
-
Пеколни горештини - Пијте вода, внесувајте електролити, контролирајте го притисокот апелираат лекарите