Балкан
1. јуни 2016 - 14:19

Еве што кажа свекорот на Јелена за СМС пораките

 
 
Владимир Марјановиќ, свекорот на убиената Јелена Крсмановиќ Марјановиќ прозборе за СМС пораките кои неговиот син Зоран ги праќал на девојка од Виена која има само 27 години, по смртта на неговата жена. Меидумите се преполни со наслови за тоа како Зоран глуми тажен вдовец, а всушност се забавува со девојки.
 
Таткото на Зоран за српскиот Телеграф вели дека целата приказна и СМС пораките се монтирана работа.
 
- Тоа е лага, мојот син не пишувал со никого, се е намонтирано. Ова ми личи како некој намерно да сака да ја тргне истрагата од себе, вели Владимир.
 
Тој вели дека неговиот син е невин и дека ова нема врска со истрагата.